Главна цел на проектот FOKUS-BALKANS е унапредување на знаењето и подобрување на разбирањето за однесувањето на потрошувачите на храна во земјите на Западен Балкан (ЗЗБ). Резултатите на научните истражувања во рамките на проектот ќе дадат придонес кон јавното здравје и заштитата на потрошувачите, како и кон остварувањето на целите на Седмата рамковна програма на Европската Комисија (FP7) преку имплементација на специфичните цели:

 
  • Развој на знаења и вештини за подобро разбирање на концептот на науката за потрошувачка на храна од страна на стручњаци од јавни институции и организации, претпријатија и претставници на цивилното општество (тренинг);
  • Развој на мрежа на институции и на партнерски истражувачки иницијативи на различни актери од областа на науката за потрошувачка на храна – универзитети, институти, средни училишта, потрошувачки и невладини организации и стопански субјекти (вмрежување);
  • Подобро разбирање на однесувањето на потрошувачите на храна во земјите на Западен Балкан, посебно кога се во прашање прехранбени производи со нагласена нутритивна вредност (овошје и здрава/диетална храна) и одржливост (органски и традиционални прехранбени производи).

    .
 
Четири студии фокусирани на специфични пазари и призводи, како и едно квантитативно истражување, се рамка во која ЗЗБ ќе го спроведуваат проектот преку принципот на „учење низ пракса“.
  •  Publication of the FOCUS-BALKANS flyer