Oпис на FOCUS-BALKANS тренинг програмата

 


Користени се следните принципи: :

  1. Подобро е да се изберат неколку теми и методи од посебен интерес во рамки на Конзорциумот, што значи помал број на детално обработени теми;
  2. Учење низ пракса е еден од концептите на проектот FOCUS-BALKANS, заради што користените теми, случаи и методологии кои се користат во поодделни работни пакети мора да се составен дел на тренингот;
  3. Доколку е можно, теоретскиот пристап, методите и практичната примена ќе се комбинираат во рамки на тренингот.

 

Тренинзите опфаќаат четири групи на производи кои се предмет на истражување во проектот FOCUS-BALKANS, теоретски пристап, користени методи и нови, интересни теми.

Во следните пасуси ќе бидат објаснети различните делови.

 

 

 

Групи на производи:

Проектот FOCUS-BALKANS ги анализира следните групи на производи:

  •          Овошје и диететски производи;
  •          Производи со здравствени изјави;
  •          Органски производи;
  •          Традиционални производи.

Во студијата за секоја група на производи ќе се нагласи:

  • краток историјат на секоја група на производи на Балканот, европска, дури и поширока перспектива во врска со потрошувачката и однесувањето на потрошувачите, ако постои можност ќе се вклучат и очекуваните трендови;
  • со помош на релевантни публикации во научни списанија, ќе се разгледаат теориите и методите во врска со определена група на производи:   

                 - увид во релевантни теории за потрошувачка на храна и нивна примена; 

            - увид во релевантните методи и нивна примена;

 - На пример, во анализа на овошјето и диететските производи, примена на теоријата на планирано  однесување, како и предностите и негативностите на прашалникот за фреквенција на исхраната ќе се анализираат и разгледаат.

 

  • Ако има можност, би било интересно да се вклучи и тренинг на кој би се разгледувале резултатите на работните пакети.

 

 

Теории во науката за потрошувачка на храната

 

Теориите на однесувања поврзани со храната од перспектива на различни дисциплини како психологија, социологија, социјална психологија, економија и социо-култура ќе бидат дел од тренингот.
Генерално, теориите ќе се разгледуваат во комбинација со определена група на производи. Ќе се одберат релебантни публикации кај кои употребата на теоретскиот пристап ќе се објасни и ќе се презентира практичната примена.
Ако е потребно, ќе се обесбеди време за анализа на специфичните теории кои би можеле да се интересни.

.


 

Најдобри актуелни методи

За да се сфатат деталните пристапи во науката за потрошувачка на храна, предавањата ќе бидат конципирани кон тоа да се даде одговор на тоа како да се планира истражувањето, како да се анализираат потрошувачките интерпретации и наводи и да се развие инструмент за мерење во теоретските истражувања. Ќе се анализираат основните методи на пристап во квалитативните и квантитативните истражувања.

 

Квалитативни методи

Во разни работни пакети ќе се користат длабински интервјуа, фокус групи и делфи метода. Предавањата ќе бидат организирани во однос на досегашната примена, теоретските пристапи како и собирање и анализа на податоците.

 

Квантитативни методи

Основни предавања за скали, просеци и односи меѓу нив ќе бидат користени на тренингот. Дел од тренингот ќе бидат и мултиваријантни методи како „конџоинт“ и кластер анализи.

 

   

Интересни теми:

  • Сензорна анализа, развој на наклонетост спрема храната, методи за оценка на храната ;
  • Јавно здравје и дебелина;
  • Развој на нови производи – сегментација на потрошувачите;
  • Транзиција во перспектива на разни дисциплини – предлогот е секоја држзва да повике ппо еден експерт, на пример социолог, аналитичар, политичар, универзитетски работник, од владин сектор или од компанија;
  • Перцепција на потрошувачите на новите технологии (GMO) ;
  • Животен стил;
  • Синжири на дистрибуција на храната;
  • Квалитет во смисол на модели и пристапи корисни за производството на храна и развој на производи.

Ако постои можност тие теми ќе бидат анализирани со ппомош на релевантни публикации за теории и методи.

 

 

Програма на тренингот

 

training

 

topic

 

1

Month 4

February 2009

Theory

 

Method

Навики поврзани со храната

 

Квалитативни истражувања, фокус групи и длабински интервјуа

(LEI-WUR Cees de Graaf)

 (GEM, Ecozept, Enita-C, LEI-WUR, SMMRI, PARMA)

2

 

Month 8

 

June 2009

Case

 

Research approach

 

Method

 

Овошје и диететски производи

 

Планирање на истражувањето
Развој на инструменти за мерење

 

Анализа на податоците од квалитативните истражувања (фокус групи)

 

 

 

Транзиција (WBC)

LEI-WUR assisted by other members

LEI-WUR Ivo van der Lans

 

choice to be made for GEM, Ecozept, Enita-C, LEI-WUR, SMMRI, PARMA UNEW

 

WBC

3

Month 12

 

September 2009

 

Case

 

Topic

Производи со здравствена изјава

 

 Јавно здравје и дебелина

 

Транзиција

BEL assisted consortium members

LEI-WUR Cees de Graaf

 

WBC

4

Month 16

 

February 2010

 

 

Case

 

Method and topic

 Органско производство
 

 

 Кластер анализа – развој на нови производи и сегментација

 

Транзиција

ZAG assisted by other members

LEI-WUR Ivo van der Lans

 

WBC

 

5

Month19

 

April 2010

Case

 

Method

 Традиционална храна
 

 

 Конџоинт анализа

 

Транзиција

ENITA-C assisted by other members

LEI-WUR Ivo van der Lans

 

WBC

6

 

Month 22

 

July 2010

Case

 

Topic

 Процена на резултатите на групи производи

 

Сензорни испитувања

 

LEI WUR

 

LEI-WUR Cees de Graaf